Додека славниот холивудски актер Том Круз неодамна беше фотографиран како лета околу Лондон со неговиот приватен хеликоптер, неговата ќерка избра помирен и „нормален“ живот.
Папараците ја фотографираа додека чекала автобус на локална автобуска станица со заштитна маска на лицето.
Бела Круз е лежерно облечена и со торба на рамото, според американските медиуми, чекала автобус повеќе од петнаесет минути.
Светските медиуми порано објавија дека, за разлика од нејзиниот татко, Изабела одлучила да живее на не толку висока нога, туку како и целиот нормален свет.
Инаку, Том Круз од минатите врски има вкупно три деца, посвоена ќерка и син од бракот со Никол Кидман, и биолошка ќерка од бракот со Кејти Холмс.