СРАМНО: Момче се јави во Брза помош за да се шегува со вработените (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како младо момче се јавува на 194 и се шегува како да го згрешил бројот, а сака да добие протипожарна.

„Додека тој се заебава, линијата е зафатена за пациенти. Да го направиме популарен!“Собрани неколку “истомисленици”. Како бе не држи сеуште земјата?, се дел од многу негативни коментари на цоцијалните мрежи.

Тој првичното видео го избриша, а потоа објави ново во кое се извинува за стореното.

Инаку, ова не е единственото видео кое предизвика лавина реакции и осуди. Пред повеќе од месец, на социјалната мрежа „Тик-Ток“ се појави видео на кое се гледа како младо момче со запалка пали дрвата и растенијата и ги гледа како горат. Овој случај беше расчистен.

https://twitter.com/i/status/1304828103471104000

 

останати вести