Српскиот актер Тихомир Арсиќ долго не се појавуваше во јавноста, а откако се појави на свечената промоција на новите поручници на Српската армија, многумина не го познаа. Имено, актерот веќе две години се бори со рак на панкреасот.
„Имам 30 килограми помалку, две години со борам со оваа болест. Требаше да глумам во филм, во кој се зборуваше за добар човек кој умира од рак и тогаш дознав дека имам рак на панкреасот“ – кажа тој за „Блиц“.
Инаку Тихомир Арсиќ е театарски, телевизиски и филмски актер, препознатлив по улогите во филмото „Голем транспорт“, „Игмански марш“, „Пејзажи во магла“…
Од 2011 година тој е во брак со балерината Јелена Ќосиќ со која ги има ќерката Вера и синот Арсение.