Професор од Тетово осомничен за силување на осумгодишно девојче, вчера околу 16 часот си го одзел животот во затворот во КПУ Скопје, потврдија за МИА од затворот.
Шеесет и едногодишниот професор се обесил во ќелијата каде што бил сместен, а откако бил пронајден била констатирана смрт.
Тој беше уапсен на крајот на февруари годинава под обвинение за обид за силување на малолетничката. Обидот за силување го пријавила мајката на девојчето.