Пејачката и водителка Сузана Турунџиева на Инстаграм напиша дека кога би била докторка има рецепт за терапија што секој би ја посакал.
“Да бев докторка, на пациентите ќе им препишував годишна (викенд) терапија, и тоа по овој редослед:
– 20 викенди на езеро или море
– 15 викенди на планина
– 15 викенди во село или бања, а
– останатите 2 – 3 викенди можат и да си останат дома, да ја подзачистат куќата…“ – препорача Сузана Турунџиева на својот Инстаграм.