Струмичанецот Драган Крстев со својот автомобил „Застава 101“ од 1974 година, тргна за Лондон, 2.625км, пишува порталот Струмица Денес.
Драган за порталот вели дека сите овие години му било желба со овој автомобил да стигне возејќи до Лондон.
Крстев во својот автомобил понесе и резервни делови, а со него има и опрема за ноќевање доколку се случи поголем проблем со автомобилот.
Пред да се одлучи за овој подвиг, Драган Крстев направи неколку контроли низ струмичките сервиси и консултации со повеќе искусни мајстори од времето кога се возеа автомобилите произведени во Југославија.
Инаку, тој последните 20 години живее во Лондон и е сопственик на автосервис таму.