Ријана во шокантното интервју гостувајќи кај Опра Винфри, призна дека сè уште вистински го сака своето поранешно момче Крис Браун и дека веројатно така секогаш и ќе остане.
– Повторно ја изградивме довербата, и тоа е тоа – се сакаме и веројатно секогаш ќе се сакаме. И тоа не е нешто што некогаш ќе го промениме. Тоа не е нешто што можете само да го исклучите. Мислам дека тој беше љубовта на мојот живот. Тој беше првата љубов. И гледам дека и тој ме сакаше на истиот начин… Не станува збор дури и за тоа да бидеме заедно. Јас навистина го сакам. Главната работа за мене е тој да биде во мир. Јас не сум мирна ако е несреќен или сѐ уште осамен – признала пејачката.
Инаку, во далечната 2009 година, пејачот Крис и тогашното момче на Ријана, физички ја нападна ноќта на доделувањето на „Греми“ наградите, оставајќи ја претепана и речиси без свест.
Крис беше осуден на условна казна од пет години и шест месеци и на општокорисна работа. Исто така, му беше забранет пристап до пејачката. Но, таа сега тврди дека инцидентот не ја натерал да престане да го сака.