Познати интернационални ланци маркети, ама и познатиот бренд H&M, полските LPP и CCC планираат влез на македонскиот пазар. Порталот фактор.мк има потврда за преговорите кои овие компании ги водат со менаџментот на трговските центри во земјава, но оттаму тврдат дека со оглед на тоа што договарањата се доверливи посебни детали не може да се објавуваат. Македонскиот пазар за овие брендови бил интересен со оглед на тоа што, статистички до пред кризата предизвикана од Пандемијата на Ковид -19 има раст на внатрешната трговија во земјава, особено во делот на продажба на стока за широка потрошувачка.
Освен германски ЛИДЛ влез на пазарот разгледуваат и уште неколку други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу нив и познатите SPAR и BILLA.
Интерес за влез имаат и полските LPP и CCC, а во сегментот на високата мода, познатиот германски трговски ланец Peek&Cloppenburg како и словенечката групација Sportina.