Популарниот диџеј Ерик Морилo, познат по хитот „I like to move it“, беше пронајден мртов во неговиот дом во Мајами, во понеделникот наутро, на 1 септември, пишуваат странските медиуми.
Засега не се познати околностите под кои починал диџејот, а властите посочуваат дека истрагата е во прелиминарна фаза и дека полициските службеници излегле на терен по приемот на пријавата.
Тој беше обвинет за силување пред неколку месеци, но ги негираше овие обвинувања.
Нападот наводно се случил во 2019 година на приватна забава во неговата куќа. Жртвата на полицијата ѝ рекла дека тој сакал секс со неа, ама таа го одбила. Кога ги облекла купаќите, Ерик, како што тврди таа, „навалил“ на неа.
Нападот, наводно, се случил во 2019 година на забава што ја организирал тој.