ЌЕ ГО ПАМТИМЕ ПО “ЕДЕН БАКНЕЖ“: Почина македонскиот пејач Зоран Георгиев (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Македонскиот пејач Зоран Георгиев почина во Белград во 77-та година од животот.

Георгиев е роден во Охрид, а ќе остане запаметен по македонскиот евергрин „Еден бакнеж“, отпеан заедно со Нина Спирова, со кој победи на фестивалот во Опатија во 1962 година.

Во 2012 година Георгиев ја доби наградата „Буба Мара“ за животно дело.

останати вести