Веќе со недели сите се прашуваа, што се случува со словенчкиот фудбалер во дресот на Аталанта, Јосип Иличиќ. Сопругата го изневери, карантин, депресија…
Сите тие работи биле споменувани како причини поради тоа што тој не играл за Атланта во најважните натпревари во текот на сезоната која што следеше по епидемијата коронавирус.
Но, по се изгледа Иличиќ ќе тргне во борба со болеста, откако италијанските медиуми објавија дека тој се вратил на Апенините за да се лекува од депресијата, откако 20 дена не излегол од дома и загубил 10 килограми од својата тежина.
Иличиќ пред две години сакаше да се повлече од фудбалот поради мистериозна болест, но успеа да ги надмине потешкотиите, а сезонава блескаше со 21 гол на 34 меча, но не ја доигра сезоната посебно во историската завршница во ЛШ во Лисабон. Наводно Иличиќ паднал во депресија после пандемијата со ковид-19 и ужасот што Бергамо како најголемо жариште во Италија го преживеа во изминатите месеци со над 15.000 починати луѓе.
Кога на сето тоа ќе се додаде дека неговата сопруга го изневерувала, станува целосно јасно дека нему навистина не му е добро. Но, очигледно дека конечно сè почна да доаѓа на свое место.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, неговата сопруга успеала да го наговори да се врати во Италија каде што го започнал лечењето на депресијата. Сега сите на Апенините му посакуваат да го надмине огромниот психолошки товар и да се врати во нормалниот живот.