Поранешната пријателка и советничка на Меланија Трамп, Стефани Винстон Волкоф ја снимала првата дама и планира да објави сè во својата книга. Во видеото кое се појави, Меланија дава навредливи коментари за возрасните деца на нејзиниот сопруг, па дури и за самиот Доналд Трамп, пишува „Гардијан“.
Наводно погрдните зборови вклучуваат остри коментари за Иванка Трамп, постарата ќерка на претседателот и советник “, напиша Али.
Книгата „Меланија и јас“ излегува на 1 септември а ќе ја објави издавачката куќа “Симон&Шустер“,
Во соопштението за печатот, издавачот вели дека Волкоф била вработена за да помогне во организирањето на 58-та претседателска инаугурација, а потоа стана доверлива прва дама.
– Сè се распадна кога ја направија жртва поради финансиски неправилности при инаугурацијата. Меланија тогаш можеше да ја одбрани својата невина пријателка, но таа стоеше покрај нејзиниот маж, знаејќи многу добро кој всушност е виновен. Предавството скоро ја уништи Волкоф.
Од “Симон & Шустер“ ветуваат „искрени и емотивни мемоари“ кои ќе одговорат на прашања за многу од најстрашните и најхрабрите моменти од претседаталатвото на Трамп. Меѓу нив: Како реагираше Меланија на снимката Access Hollywood – во која Доналд Трамп срамно се фалеше дека фаќа жени – за п***то “- и за аферата на нејзиниот сопруг со Сторми Даниелс, што Трамп ја негира.
“Дали тој се согласува со Иванка?” издавачот прашува во објавата на книгата. Зошто ја носеше таа јакна со натписот“ навистина не ми е гајле, а вас? “ отпечатено на задниот дел? Дали Меланија е среќна што е прва дама? И што всушност се случи со финансирањето на инаугурацијата која чинеше 107 милиони долари? Волкоф има неколку идеи …