Мало девојче со гума за пливање било однесено од морските струи и е спасено од локален траект, наведуваат грчките медиуми. Инцидентот се случил во морското подрачје крај градот Антирио во Коринтскиот Залив.
Драмата започнала откако мајката го ставила девојчето со гума за пливање, а додека таа на кратко го тргнала погледот, било зафатено од силни струи кои го однеле девојчето кон длабоко.
За миг, додека спасувачите втрчале во водата, детето веќе било на 100 метри од плажата во градот Антирио, во западна Грција. Тие веднаш го повикале пристаништето за да се издаде предупредување за крајбрежната стража и бродови да започнат потрага по детето.
Преплашеното девојче кое викало, а потоа занемело од шок, било здогледано од патници на траект на околу 500 метри од брегот. За среќа траектот не се движел брзо бидејќи се приближувал кон пристаништето. Кога екипажот од траектот го извадило од водата, девојчето останало мирно.