Холивудската глумица Дру Баримор ја потврди вистинита урбаната легенда во Холивуд дека телото на нејзиниот дедо, актерот Џон Баримор, исчезнало од мртвоечница.
Баримор, познат по улогите во филмовите „Dr Jekyll and Mr Hide“ и „Sherlock Holmes“, почина на 60-годишна возраст во 1942 година од цироза на црниот дроб и откажување на бубрезите, како последица на воспалението на белите дробови.
По неговата смрт, долго се зборуваше дека телото на оваа легендарна sвезда „исчезнало“ од мртовечницата, а сега внуката Дру Баримор потврдила дека нејзиниот дедо бил на големата прослава дури и по неговата смрт.
Баримор обелодени дека телото на нејзиниот починат дедо било украдено и тоа од група негови пријатели. Како што објасни Баримор, причината за таа „акција“ била да му се даде на Џон последна шанса да ужива со своите пријатели, односно да биде присутен на голема прослава дури и по неговата смрт.
Таа забава подразбирала телото на Џон да биде поставено крај масата за покер за неговата последна партија карти со другарите.
-Би сакала и моите пријатели да го направат истото за мене – признава Дру Баримор.