Пратеникот Мухамед Зекири преку Фејсбук ja сподели својата радост, уживањето со малата ќерка Далиа Нани.
„Љубов меѓу татко и ќерка“, напиша пратеникот под неговата фотографија.
Таа е негово трето дете од неговиот втор брак. Зекири е во брак со новинарката и поранешна директорка на Алсат телевизија, Бисера Јордановска. Парот се венча минатата година во ноември, а кум на свадбата им беше Претседателот на СДСМ Зоран Заев.