Американскиот „Вашингтон пост“ објави интервју со сестрата на американскиот претседател Доналд Трамп, Маријен Трамп Бери, во кое таа тврди дека лаже, дека е суров, дека не чита и дека се запишал на колеџ со измама.
Разговорот со постарата сестра на Трамп, која е пензиониран федерален судија, е снимен во 2018 и 2019 година.
Бери (83) е ужасната од „она што го правеле со децата на границата“ со Мексико. Како федерален судија, таа еднаш во судницата прозвала имигрантска судијка за малтретирање на барателите на азил.
Таа претпоставува дека претседателот Трамп „не го прочитал мислењето за имиграцијата“.
„Што прочитал?“, прашува Бери. „Не. Тој не чита “, одговори таа.
„Сè што сака е да ја задоволи неговата гласачка база… А неговата база, Боже мој, ако сте религиозна личност, сакате да им помогнете на луѓето. Не го правете тоа“, рече таа во интервјуто, за кое „Пост“ вели дека е тајно снимено.
Во друг момент, пишува „Пост“, таа вели за нејзиниот брат: „Се е тоа лажно. Сето тоа е лажно и сурово. Доналд е суров“.
Бери дури во разговорот изјави дека нејзиниот брат Доналд (74) бил лош студент. „Пишував домашни задачи за него“, рече таа.
Како што додаде, „го возев околу Њујорк за да се обидеме да го запишеме во колеџ“.
Таа исто така изрази ужас за тоа како изгледа нејзиниот брат како претседател.
„Неговиот проклет твит и лажењето, Боже мој“, рече таа. „Зборувам премногу слободно, но знаете што мислам. Менување на приказната. Неподготвеност. Лажење“.
Белата куќа сè уште не го коментираше објавувањето на разговорот во „Вашингтон пост“.
Разговорот со Маријен Трамп Бери не беше објавен во неодамнешната книга објавена од внуката на Трамп, Мери Трамп, за нејзиниот вујко „Премногу и никогаш доволно“.
Мери Трамп изјави дека во претседателската кампања ќе го поддржи демократот Џо Бајден.