19-годишната Англичанка Клои Дејвисон изврши самоубиство по неколкумесечен неуспешен третман за депресија, предизвикано од карантин и неможност за излегување. Последниве четири години Клои покажала дека има ментални проблеми, бидејќи била оптоварена со својот изглед и бројот на лајкови на социјалните мрежи.
Колку била во еден злобен круг, покажува и фактот дека таа ги бришела сите слики од нејзиниот профил доколку една од нив не би достигнала замислениот број на лајкови. Покрај тоа, карантинот бил многу тешок за неа, со оглед дека Клои била една од најпопуларните девојки во областа и живеела за излегување и дружење.
Неколку минути пред самоубиството со бесење, Клои и се јавила на нејзината најдобра пријателка.
-Таа звучеше очајно и плачеше. Отпрвин помислив дека е повторно во некоја лоша фаза, но потоа ми рече дека има порака за мене. Таа ме сака и ми посакува се најдобро. Тогаш ми открила дека ќе се обеси. Дека ставила јаже околу вратот и застанала на стол. Се обидов да ја одвлечам од тоа, но таа само рече дека оди и се обеси. Веднаш ја повикав полицијата, но кога стигнаа до нејзината куќа, ја најдоа мртва. По ѓаволите со Интернетот и лајковите, – рече нејзината најдобра пријателка Џема.
Мајката на Клои изјави дека нејзината ќерка поминала низ неколку тешки фази во последните четири години. Тие заедно оделе кај неколку терапевти и таа секогаш ќе се освестела, но за кратко време.
-Интернетот ѝ даде сила и волја да живее. Виртуелните пријатели кои таа никогаш не ги видела и кои ѝ се восхитуваа на сликите го формираа ‘рбетот на нејзината среќа. Не разбрав на вистински начин како тоа навистина влијае врз неа, призна неутешната мајка.