Судските инстанци во Загреб ја прекинаа постапката што ја започна неодамна починатиот Рајко Дујмиќ против тројца членови на „Нови фосили“ околу употреба на името на таа музичка група.
Имено, Дујмиќ поднел тужба против Сања Долежал, Владимир Кочиш Зек и Маринко Колнаг, тврдејќи дека немаат право да го користат името „Нови фосили“ откако тој бил исфрлен од групата.
„Вие не можете повеќе со мене, јас не можам повеќе со вас. Продолжете да настапувате под името „Нови фосили“ под услов да добивам четвртина од настапите и концертите – тоа беше единствен услов на Рајко кој Сања, Владимир и Маринко не го прифатија. Повеќе од 5 години траеше судскиот процес. Пред година ипол, се сретнаа Сања, Владимир и Маринко со Стева Цвикиќ на кој му ветија дека на Рајко ќе му даваат 500 евра по настап, но тој договор никогаш не го испочитуваа“, напиша сопругата на Рајко, Снежана на својот Фејсбук профил откако дозна дека судскиот процес е прекинат поради смртта на Рајко.
Инаку, Дујмиќ бил исклучен од групата во 2014 година, а другите членови продолжиле да настапуваат под тоа име. Еден од последните настапи им бил во февруари годинава.
Дујмиќ почина на 4 август, како последица од сообраќајна несреќа.