Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави дека добил порака да се појави во Собранието, поради најверојатно продолжување на конститутивната седница.
„Сабајлево во 9:00 часот добивам СМС дека денес во 11:00 часот сум поканет, како претставник на Левица, на координација во Уставна сала во Собранието на РМ од страна на претседавачот Таљат!? Сета среќа шо у Скопје живеам… Еве, у Охрид да живеев, ќе требаше ваљда со хеликоптер да летнам? p.s. Шала на страна, патец у средина. СЕРИОЗНА е работава со вашава несериозност! Собрание ли водите или селска кооперација!? Па ја во односот со студентите имам покоректно однесување, отколку вие „државници“ со пратениците“, стои во Фејсбук статусот на Апасиев.