Капитенот на РК Вардар и македонски ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов стана татко. Неговата сопруга Деница се породи и на свет донесе здраво машко дете.
Веста на социјалните мрежи прв ја сподели Дејан Манасков, кој е одличен пријател со пикерот на Вардар.
„Момче е“, напиша Манасков на Фејсбук.