Хрватскиот пејач Тони Цетински сè уште не ги поддржува разните мерки преземени за борбата против коронавирусот.
Додека порано се занимаваше со вакцинирањето, сега го мачи организирањето на концертите.
На фотографијата што ја објави се гледа концерт одржан во Велика Британија, а на кој луѓето се распоредени во групи меѓусебно одделени со метални огради. Тони ги спореди со овци во трло.
“Ново нормално? Па, дали сте нормални луѓе, кои го голтате ова? Можеби сум луд“, напиша тој.
https://www.instagram.com/p/CDw07llpXlV/?utm_source=ig_web_button_share_sheet