Шпанскиот заводник и пејач Хулио Иглесиас за нешто повеќе од месец дена ќе наполни 77 години, но тоа не го спречува да ужива во животот.
Имено, тој е фотографиран како со тешкотии се движи на една плажа во Доминиканската Република, а друштво му прват две многу млади девојки.
Неговиот шарм очигледно не избледува, а без оглед на тоа што е на прагот на деветата деценија од животот, очигледно е дека девојките се уште го сакаат.
Двете згодни девојки очигледно уживале со пејачот на неговата приватна плажа, а во моментот кога се фотографирани може да се види како тие две му помагаат на Хулио да дојде до морето.
Тоа што многу светски медиуми се прашуваат, што ќе каже Миранда (54), жената со која Хулио живее три децении.
За потсетување, Хулио уште како мало момче имал страшна несреќа во која за малку ќе останел без половина од десната рака, меѓутоа докторот и кардиохирург Дентон Артур Кули, успеал да му ја спаси.