Англискиот глумец Бен Крос, познат по улогите во серијата „Ѕвездени патеки“, почина на 72-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.
Семејството Крос потврди за „Дедлајн“ дека актерот починал вчера наутро во Виена, Австрија.
Крос ја започна својата меѓународна кариера во 1978 година со претставата „Чикаго“, каде ја играше улогата на Били Флин, адвокатот на криминалката Рокси Харт. Тој настап го доведе до филмот „Огнени кочии“, заснован на вистинска приказна, која освои неколку меѓународни награди.
Заедно со Ричард Гир, Шон Конери и Џулија Ормонд, Крос го снимаа филмот „Првиот витез“ во 1995 година, а помладата публика веројатно го познаваат за неговата улога како Сарек во „Ѕвездени патеки“ во 2007 година.
Крос се женеше три пати, оставајќи ја зад себе неговата сопруга Дајан и двете деца, Теа и Лорен.