Поминаа повеќе од осум месеци откако беше пријавен првиот случај на новиот вирус на корона. Иако страшните последици од епидемијата сè уште се чувствуваат во градот каде сето тоа започна, жителите на Вухан се обидуваат да заборават дека сè уште трае.
За време на викендот, водниот парк во Вухан беше полн со луѓе. Илјадници луѓе стуткани еден до друг се забавуваат во водениот парк Wuhan Maya Beach, без никаква заштита од вирусот кој потекна токму од таму кон крајот на 2019-та година.
Безгрижните жители на Вухан изгледа заборавија на периодот кога градот беше прво жариште на корона вирусот и како резултат на тоа беа затворени 76 дена, па сега безгрижно се забавуваат на музички настап, на кој ниту еден посетител во публика не носи маска.