Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, преку статус на Фејсбук го соопшти разрешувањето на досегашниот директор на ЈП улици и патишта Скопје, Сенад Смаиловиќ.
“Почитувани,
Дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта – Скоје денес е разрешен од досегашната фунција“ напиша Шилегов.
Инаку, според пишувањата на одреден дел од медиумите, Смаиловиќ во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга.
„На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во билтенот на МВР.