Куќа од предградието на Чикаго стана локално познат како Pie House (Пита Хаус) заради сличноста со парче пита, а фотографиите и снимките од куќата станаа вирални и на социјалните медиуми.
Изградена во 2003. година во Деерфилд, Илиноис, невообичаено тесната куќа станала своевидна локална туристичка атракција пред која луѓето редовно застануваат.
Позната по својата уникатна форма, куќата всушност се појавила од потреба, со оглед на тоа што градител на имотите за домување се обидел најдобро да го искористи малечкото парче земја, но издржано парче земја, пренесува Oddity Central. Куќата беше продадена во 2007. година за нешто повеќе од 284.000 американски долари.
Фотографиите од куќата неодамна станаа вирални откако беа ставени на американскиот огласник на недвижности Zillow,, а таа, наводно, била продадена пред две недели за 260.000 американски долари. Фотографиите направени однатре покажуваат дека домот е многу попростран отколку што изгледа однадвор, но тоа не ги спречило луѓето да се шегуваат дека куќата повеќе личи на ходник отколку како вистинска куќа и се прашувале како некој може да живее во неа.
Куќата има две спални соби и две и пол бањи. Од очигледни причини, нема гаража, но има паркинг во близина.
Извор: Индекс.хр