Прославената холивудска стилистка Тамаран, која престана да го работи овој бизнис пред три години, преку „ТикТок“ зборуваше за соработката со бројни sвезди, меѓу кои и Џенифер Лопез.
Сепак, според странските медиуми, пејачката се наоѓа на нејзиниот „црн список“ затоа што воопшто не е „Џени од блокот“. Наводно, таа ја опишува соработката со неа како „хорор“.
„Меѓу првите пет најлоши со кои сум работела е дефинитивно пејачката и актерка Џенифер Лопез, со која, благо речено, е хорор да се соработува. Пред да ја запознаам, ми рекоа дека ниту еден стилист нема да остане со неа повеќе од неколку недели. Не ми беше јасно зошто, но јас разбрав кога ја запознав“, започна таа.
„Кога влегов во просторијата каде што беше и кога требаше да ја облечам, таа ми рече да не ја гледам. Може ли да верувате дека таа бара од стилистот да не ја гледа во очи, туку на страна“, повторно се зачуди Тамаран, опишувајќи ја Џеј Ло како арогантна личност.
Патем, славната Лопез деновиве привлече големо внимание на јавноста во неколку наврати со нејзините дневни стајлинзи, а меѓу најимпресивните се тренерките во „папагал“ бои и хеланки кои „сјаат посветло од сонцето“.