Холивудската глумица Шерон Стоун откри дека успеала три пати да ја избегне смртта под различни околности: по гром, асфиксија и по мозочен удар.
„На 14-годишна возраст го пресеков вратот, веднаш до југуларната вена. Потоа ме удри молња и беше многу силна. Бев дома, имавме и свој бунар. Ја полнев пеглата со вода и гром удри во бунарот. Едната рака ми беше се уште под вода, а другата на пеглата и одеднаш – удри гром, а водата беше спроводник. Бев на улица, но таа ме фрли во куќата низ кујната. Летав низ целата кујна и го удрив фрижидерот. За среќа, мајка ми беше дома, која ме спаси“, рече Шерон.
Исто така во 2001 година, актерката доживеала ужасен мозочен удар, по што поминала девет дена во болницата.
„Се чувствував како да сум застрелана во главата“, признала актерката.
Ѕвездата на „Ниски страсти“ мораше да помине низ тешка седумчасовна операција: во нејзиниот мозок беа вметнати 22 специјални спирали. За среќа, таа беше целосно рехабилитирана и покрај тоа што лекарите и дадоа само 1% шанса за преживување.
Шерон коментира дека има многу среќа што е жива.
„Понекогаш размислувам: Како ќе умрам следниот пат? Веројатно ќе се случи нешто многу драматично и лудо“, се шегува актерката.
За среќа, ништо сега не го загрозува нејзиното здравје. Таа неодамна заврши со снимањето на новата серија Nurse Ratched на „Нетфликс“.