Земјите ширум светот се борат со млади луѓе кои со олеснување на мерките решија да му се вратат на опуштениот живот. Излегувањето во барови и клубови, забави на отворено и непочитување на предвидената дистанца, доведоа до тоа многу луѓе да заболат од коронавирусот, а експертите сè повеќе предупредуваат на опасностите што демнат да го свртат вниманието кон фактот дека неодговорното однесување може да ги чини живот, ако не нивниот, тогаш на нивните најблиски.
Сепак младите не се грижат многу, за што сведочат и бројните снимки и фотографии кои пристигнуваат од Европа. Во близина на Манчестер илјадници млади по пат на социјалните мрежи организираат за журки, а во Париз во паркот Боис де Винценес редовно се одржуваат илегални техно журки.
„Журките се клучни – вели еден од организаторите на парискиот собир, Антоан Калвино. Алкохолот слободно се продава, поради што и голем број од присутните забораваат на правилото за носење маски и социјална физичка дистанца.
За разлика од првиот бран, во вториот бран, многу земји забележаа зголемување на бројот на заразени кај помладата популација, така што властите во Канада решија да ги потсетат помладите од 40 години дека не се „непобедливи“ во борбата против Короната.
Дека тие се во право, покажува фактот дека во неколку француски крајбрежни градови, како што се Ница и Бијерица, има зголемување на бројот на заразени лица кои се забавуваат во барови или на забави. Во последните две недели, помеѓу 40 и 50 проценти од новите инфекции во Женева се поврзани со луѓе кои посетувале ноќни клубови и слични места кадешто танцуваат, се бакнуваат и прегрнуваат, изјави епидемиологот Дидиер Пит.
Јавните и големите ноќни клубови на Ибица не се отворени бидејќи регионалните власти одлучиле дека оние со поголем капацитет од 300 посетители поради сигурносни причини ова лето нема да работат.
„Младите е најтешко да се контролираат. Тие едноставно имаат желба да излегуваат, што е нормално“, изјавил Фернандо Димон од спанското министерство за здравство.
Тој истакнал дека можеби ќе биде потребно да се воведат и казни со цел младите луѓе да бидат приморани на почитување на правилата за одржување на физичка дистанца.