Оперската дива на Народниот театар, Тамара Никезиќ, се појави во бело на погребот на Исидора Бјелица. На овој начин, Тамара и оддаде почит на Исидора, која, патем, имаше желба да биде испратена во бело.
Таквата желба на Исидора ја откри пејачката Зорана Павиќ која ја објави на својот Инстаграм откако почина писателката.
– Јас ја чувам твојата порака …” пингви, кога ќе заминам.. организирај забава во бело .. ме познаваш, јас не сум за таа тага и пренемагање… Јас ќе го одржам ветувањето, ќе има забава во бело кога твојата изнемотена душа ќе биде „на сигурно“… а ти ни намигни под некој луд шешир дека сè е во ред и дека ништо повеќе не боли … Неповторлива моја пингви … Ангелите нека ти ги залечат сите рани, се наведува во објавата.
Инаку, Исидора Бјелица беше кремирана вчера на Новите гробишта во Белград, а семејството, пријателите и бројните обожаватели на писателката се собраа и се збогуваа со неа.
фото: Мондо.рс