За да се спречи ширењето на коронавирусот во училниците, локалните училишта во Италија почнаа да го преполовуваат мебелот. Со оглед на тоа што повеќето италијански училишта продолжуваат да користат старомодни долги клупи со повеќе ученици што седат одеднаш, кои не одговараат на мерките на социјална дистанца, итно им се потребни големи количини на индивидуални клупи.
Италијанското Министерство за образование објави на почетокот на јули европски тендер за три милиони индивидуални клупи, кои треба да пристигнат во училниците до 8 септември, пишува Си-Ен-Ен.
Но, многу италијански области се загрижени што масите нема да пристигнат навреме за почетокот на учебната година и ги презедоа работите во свои раце и решија да ги сечат старите дрвени клупи.
„Можеме да користиме дрвени прегради, но најдобро решение е да ги пресечеме клупите“, изјави Аделфио Кардинале, задолжен за училишните области на Сицилија.
Италијанската министерка за образование, Лусија Ацолина, откри план за отворање на училиштата кон крајот на јуни, во кој се вклучени одредби за ограничување на бројот на ученици во училниците за да се обезбеди растојание од најмалку еден метар меѓу нив. Наставниците треба да носат маски и визири, а учениците маски.
Училниците ќе се дезинфицираат неколку пати на ден, а часовите ќе бидат поделени во помали групи за ограничување на социјалниот контакт, што исто така треба да го олесни избегнувањето контакти доколку некој од учениците се тестира позитивно за ковид-19.