Сашо Давитковски и неговата мајка Тодорка Давитковска, двајца од петте најголеми акционери во компанијата, ги продадоа сите акции што ги поседуваа во акционерското друштво Скопски пазар АД Скопје.
Според известувањето:
„Досегашниот акционер Тодорка Давитковска изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Скопски пазар АД Скопје, односно 8.055 обични акции, што претставува 11,36% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје и повеќе не е акционер во Скопски пазар АД Скопје“.
Исто така „досегашниот акционер Сашо Давитковски изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Скопски пазар АД Скопје, односно 7.546 обични акции, што претставува 10,64% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје и повеќе не е акционер во Скопски
пазар АД Скопје“.
На овој начин досегашните големи акционери во АД Скопски Пазар – Скопје, Сашо и и неговата мајка Тодорка Давитковски, добија 1,7 милиони евра за профажбата на акциите кои ги поседуваа во компанијата.
Инаку „Скопски пазар“ управува со 13 зелени пазари во Скопје и со еден сточен пазар со капацитет од околу 2.900 тезги, деловен простор за издавање од околу 58.000 квадратни метри, врши сопствена трговска дејност, угостителска дејност (ресторанот „14“ во Скопје), како и е-супермаркетот www.doma.mk.