ЈА ИЗГУБИ БИТКАТА СО РАКОТ: Почина Исидора Бјелица

by Тони Зографски

Познатата српска писателка Исидора Бјелица (52) денеска почина во домот на своите родители во Нов Белград, објавија српските медиуми.

Исидора со години се лекуваше од канцер, а пред еден месец напиша објава на социјалните мрежи дека не може повеќе да издржи.

“Не сакав да ве малтретирам, мислев дека можам сама. Меѓутоа, ова се толку ужасни физички и психички маки, поради што ќе ве замолам да се молите на Господ да простува и веќе да заврши агонијата, напиша Бјелица.

Инаку, Исидора Бјелица беше успешна писателка со над 40 книги во својата кариера посветени на разни општествени теми за разни возрасни групи. Родена е 1967 година во Сараево и има завршено факултет за Драмски уметности во Белград.

Беше водителка на повеќе ток шоуа и емисии на разни телевизии.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com