По вчерашната експлозија во Бејрут, во која загинаа повеќе од сто лица, а над 4.000 се повредени, светот остана во шок и неверување.
Оваа ужасна трагедија покрена голем број на прашања во врска со безбедноста на места во која се чува високоризичен и експлозивен отпад.
На социјалните мрежи реагираше и Д-р Ненад Лазаров.
„Додека сте насекирани за Бејрут, во ОХИС има 14 тонска цистерна со винил хлорид која стои така непроверена и оставена со години, а може да му направи на Скопје масакр со многу повеќе жртви од Бејрут. Германци не сакаат да дојдат ниту увид да извршат од што е лудо опасно и несоодветно оставена крајно токсична содржина, која може да го покоси пола град” е загрижувачката објава која ја напиша Д-р Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил.