Познатата украинска манекенка Дарија Кирилиук (24) била нападната и претепана додека била на одмор во Турција. Таа тврди дека била претепана на една приватна плажа во Турција, но другата страна има целосно поинаква верзија на настанот.
Дарија престојувала во познатото турско летувалиште Чешме, а тврди дека ја нападнало обезбедувањето на една приватна плажа од барот.
„Не сакам да молчам и ќе ви раскажам што ми се случи мене, на моето момче и на нашето друштво. Не нападна обезбедувањето на плажата. Четири девојки беа удрени по лицето, вклучувајќи ме и мене, а момците се тешко повредени. Ѝ дадовме на полицијата детален извештај. Нема да замижиме на ова што ни се случи“, рекла Украинката која живее и работи во Америка.
Од барот тврдат дека манекенката ја следеле телохранителите на нејзиното момче и дека покажувала безобразен и агресивен став кон околината и вработените, како и дека имаат снимка која јасно ја покажува вистината.
„Нивните тврдења се бесмислени. Прво ме тепаа мене и моето момче, а потоа зборуваа дека тој ме истепал. Неверојатно е до каде се подготвени да одат за вината да ни ја префрлат на нас“, рекла атрактивната девојка и го именувала мажот за кој смета дека ја удрил и побарала од ресторанот на пуштат повеќе снимки на кои се гледа целиот инцидент.
Овој инцидент го осудил и турскиот министер за туризам Мехмет Нури Ерсој.
https://www.instagram.com/p/CCEkeTshT4X/?utm_source=ig_web_button_share_sheet