БЕЗ ГРАМ ШМИНКА: Моника Белучи на одмор во Грција (ФОТО)

by Тони Зографски

Една од најубавите жени на светот, италијанската актерка Моника Белучи (55) е фотографирана како летува во Грција и во таа прилика, како и секогаш таа изгледала фантастично.

Имено, Моника заедно со пријателите и ќерките е на одмор на островот Парос  каде заминале со приватен авион.

Глумицата во таа прилика беше фотографирана во сосема опуштено издание, без гламур, шминка и впечатлива тоалета. Моника беше во летен фустан, додека на очите имаше темни очила за сонце. На нозете носела рамни чевли за на плажа и имала бело капче на глава. Била фотографирана кога се упатила во еден ресторан на ручек, а во таа прилика пиела само обична вода.

Актерката и на 55 години изгледа фантастично, а таа уживала во сонцето, плажата и убавото друштво.

останати вести