– Македонците не ме пуштија да одам на погребот на мојата Бранкица, последен пат да се простам од неа, да и кажам збогум – изјави за Информер, Бранислав Ивановиќ, сопруг на почината родилка Бранкица Циговска Ивановиќ (34), која на 28 јули почина во Ниш од коронавирусот, а на 30 јули беше погребана во Куманово.
Бранислав вели дека неговата сопруга немала српско државјанство и дека била договорено да биде погребана во родното Куманово. Тој знаел дека за влез во Македонија ќе му биде потребен негативен ПЦР тест.
-Не знаев дека погребот ќе биде толку бргу. Отидов да се тестирам, но резултатите од ПЦР тестот не стигнаа на време и не можев да патувам во Куманово. Можеа Македонците да ме пуштат само на еден час, ако требаше и со полициска придружба. Многу ме боли што не можев да ја испратам мојата Бранкица на вечното почивалиште. Не ми дадоа да ја видам за последен пат, да се простам од неа… Да ми дозволијаб барем само да се приближам до неа на десетина метри, да бидам близу неа. Барем малку да се потрудеа да бидат луѓе – очаен е Бранислав.
Инаку, 34 годишната Бранкица Циговска Ивановиќ од Куманово беше во седмиот месец, па за да се спаси бебето, таа е породена со царски рез, по што починала. Бебето е извадено со 900 грама и се наоѓа во инкубатор.