ПО 16 ГОДИНИ ВРСКА: Се омажи 34 годишната премиерка на Финска (ФОТО)

by Тони Зографски

Премиерката на Финска, Сана Марин (34), во неделата објави дека се омажи за својот партнер со кого е во врска 16 години, по  осум месеци откако ја презеде функцијата премиер.

Венчавката се одржа во официјалната резиденција на Марин во Хелсинки, а присуствуваа само 40-ина гости, главно роднини и најблиски пријатели.

„Среќна сум и благодарна што можам да го делам животот со човекот кој го сакам. Заедно видовме и искусивме доволно, делевме радосни и тажни моменти и се поддржувавме и во добро и во лошо. Заедно ја поминавме младоста и заедно созревавме“, напиша Марин на Инстаграм.

Инаку, Марин го запознала Раиконен кога имале по18 години и ја имаат двогодишната ќерка Ема.

останати вести