Дарко Јовчевски од Скопје кој работи и живее на Малта, на својот Фејсбук профил објави сметка за вода и струја која тој ја добил за повеќе од 2 и пол месеци на оваа островска земја.
Сумата на сметката изнесува само 26 евра, или нешто над 1.500 денари за потрошувачка на електрична енергија и вода во временски период од 2 и пол месеци.
“Во Малта 26 € сметка за повеќе од два и пол месеци и тоа за вода и струја. За стан во кој живееме двајца.
Наздравје нека ни е денешното поскапување на струјата во Македонија.
И пази сега, Малта скоро целата струја ја увезува од Италија, и скоро целата вода ја преработува од морската и ја прави од солена во слатка. А Македонија во голем процент сама произведува струја и на секој чекор имаш извори со вода.
А јас како и цимерот редовно се тушираме (значи трошиме вода). Бојлерот е постојано вклучен, а веќе од мај и климата. Машината за перење скоро секој ден ја вклучуваме.
Па вака да се понашам у Македонија ни 100% поврат на ДДВ нема да ме опраи“, напиша Дарко на својот Фејсбук профил.