По пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје вчера почина државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинев.
Тој се здоби со тешки повреди од настан кој го евидентираше МВР:
„На 25.07.2020 околу 12.45 часот било пријавено дека пред зграда на ул.„Крсте Мисирков“ во Велес, Б.П.(46) од Велес се повредил при пад од дрво“.
Борче Пинев кој беше дипломиран правник и кој претходно работеше како адвокат, на функцијата државен правобранител беше именуван пред осум години.
Пинев беше сопруг и татко на две ќерки.