Помошникот-министер за трговија и врски на Босна и Херцеговина, Жељко Матоц, на себе носел само “синдикалка“ за време на онлајн-седницата со останатите министри во Собранието.
Во еден момент за време на седницата Матоц и вечерал, а сето тоа вчудовидено го следеле неговите колеги на нивните компјутери, преку кои учествувале во работата на онлајн седницата.
Инаку, седницата на Собранието на Федерацијата на Босна и Херцеговина се пренесува во живо и е достапна он-лајн за сите граѓани на државата.