Италијанскиот остров Ѓиљо на чудесен начин избегна ширење на коронавирусот, а 800 жители на островот се целосно здрави – без никакви знаци на инфекција.
-Ниту еден од жителите на островот Џиљо не пријавил симптоми на „Ковид-19“, иако условите се чинеле поволни за болеста да се шири како шумски пожар, – објави „Associated Press“.
Како што е познато, мештаните се социјализирале на стрмните улици во близина на пристаништето и на скалите на гранитот што водат до тврдина која се наоѓа на врвот на ридот.
Ѓиљо е дел од Тоскана, а неговата здравствена служба брзо испрати комплет за тестирање на антитела за да утврди дали локалното население можеби имало „Ковид-19“.
Од 800 жители кои живеат тука цела година, 723 волонтирале на тестирање.
-Сите ние сакавме да го сториме тоа, да бидеме мирни, но и да помогнеме во науката – рече една локална жена.
Од сите тестирани островјани, антитела биле пронајдени кај само еде. Станува збор за еден постар човек кој пловел со еден посетител на истата траект до островот.
Иако нема доволно јасен одговор за да се објасни како целото население не се разболело, се претпоставува дека островјаните не биле доволно изложени на ковид за да бидат заразени.
Малиот остров се наоѓа во близина на јужниот врв на тосканскиот архипелаг, 50 км јужно од Елба и 15 км од копното, во подножјето на Монте Аргентарио. Блага клима, недопрена природа и кристално чистата вода нудат незаборавен одмор во текот на целата година.
Инаку, Ѓиљо е особено популарен остров кај авантуристи кои уживаат во песочни плажи и убави заливи, како и запознавање со богатиот подводен свет.