Манекенката Дунавка Трифуновска и екс директорот на финансова полиција, Ване Цветанов јавно признаа дека се во врска. Дунавка ништо не коментира, оставила сама да зборува сликата за среќата и сродната душа, а која ја објавила на Инстаграм и Фејсбук, која ја објаснила со хаштаг- #happiness #soulmate, кои доволно објаснуваат дека е среќна и дека ја пронашла својата сродна душа.
Но, затоа, пак, љубовта ја објасни Цветанов.
„Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно. После мојата вчерашна објава се разбрануваа голем број на луѓе и следеа доста реакции. Повеќе од 95% беа позитивни честитки и посакување среќа. Изразувам искрена благодарност за убавите честитки и коментари до сите кои што од срце се израдуваа и честитаа преку оваа прекрасна фотографија. За оние 5% кои што имаат нејаснотии, им посакуваме да си ја пронајдат својата среќа,- пишува Цветанов на Фејсбук.