„ТВ21“. објави прилог во кој ги објави сумите на пратениците од веќе минатиот мандат кои зеле најмногу пари на овој основ. Од 500 па до 47.000 евра земале пратениците за патни трошоци во деветтиот парламентарен состав. Рекордери најчесто се пратениците на СДСМ и коалицијата кои патуваат од внатрешноста до своето работно место. Вкупно за патни трошоци потрошени се 1.495.996 евра.
Најскапо нè чинел пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој беше дел од коалиција на СДСМ. Патува од Струга, а тоа го чинело 47.450 евра. Втора на листата исто така е пратеничката од СДСМ, Бети Рабаџиевска-Наумовска од Ресен со вкупен износ од 45.918 евра. Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди кој патува од Струга, за тригодишниот мандат земал 42.261. Следува неговата колешка Делчево, Мира Стојчевска. Таа за три години инкасирала 41.632 евра. За 1.000 евра помалку потрошил нејзиниот опонент од Битола, Зоран Илиоски – 40.692 евра. Следува поранешната пратеничка на ДПМНЕ, а по уставните измени независна, Емилија Александрова од Берово. Пријавила 36.287 евра патни трошоци. На листата следуваат Хари Локвенец од Прилеп со 35.774 евра, Милева Ѓоргиева од Радовиш 34.358 евра, Агим Шаќири од Струга, 33.379 евра и последен на листата од ТОП 10 се наоѓа Димитар Стевананџија кој за патни трошоци од Прилеп, инкасирал 31.705 евра државни пари.
10 пратеници кои потрошиле најповеќе за патни трошоци 2016-2020:
Алија Камберовски 47.450 €
Бети Рабаџиевска Наумовска 45.918 €
Сурија Рашиди 42.261 €
Мира Стојчевска 41.632 €
Зоран Илиоски 40.692 €
Емилија Александрова 36.287 €
Хари Локвенец 35.774 €
Милева Ѓоргиева 34.358 €
Агим Шаќири 33.379 €
Димитар Стевананџија 31.705 €
Во продолжение на листата се наоѓаат и пратениците Драган Цуклев, Анета Симеска Димоска, Александар Кирацовски, Сашко Костов, Јагода Шахпаска, Бетаине Китев, Јован Митревски, Славица Шуманска Митева, Иван Иванов, Жаклина Лазаревска, Кети Смилевска, Сашко Атанасов. Сите земале од 20 до 15 илјади евра за цело времетраење на мандатот.
Пратениците добиваа по 30 проценти од изминат километар од продажната цена на еден литар гориво, но по реакциите во јавноста, тоа беше намелено на 20 проценти. Со законските измени, се доби и можност пратениците од внатрешноста наместо да патуваат, да добијат стан под кирија до 400 евра и платени сметки до 100 евра. Оваа опција од 2018 година кога беше воведена, ја искористиле само 16 пратеници, а тоа вкупно нè чинело 90.427 евра.
Пратеничката од Штип, Благица Ласовска, заедно со Лилјана Затуроска и Лилјана Кузмановска и двете од Битола, како и нивниот колега Бранко Маноиловски за стан потрошиле по 7.145 евра.
Нешто помалку од нив потрошил Крсто Јовановски од Велес – 7053 евра. 6996 евра потрошила пратеничката од СДСМ од Прилеп, Кети Смилевска и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Илија Димовски 6824 евра.