Некогашниот италијански премиер, и лидер и сопственик на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони, се разделува од своите вереници, поранешни сопруги и од пријатели со милионски суми евра.
Така, Берлускони, еден од најбогатите Италијанци, својата засега последна вереница, младата Франческа Пасквале, ја испрати со чек од 20 милиони евра, пренесува Танјуг.
Како што пишува весникот „Кориере дела сера“, претходното милионско збогум на Берлускони му било со поранешната сопруга Вероник Ларио (46 милиони), a три милиони евра и инкасирал на Миранда Ана Рати, сопруга на некогашниот близок соработник на Силвио, Марчело Дел Утри, кој издржува затворска казна од седум години поради корупција.