Министерката за финансии, Нина Ангеловска во селото Брајчино го пречека првиот човек на СДСМ, Зоран Заев кој е на одмор.
-На 230 км од Скопје, во подножјето на Баба планина е лоцирано најдалечното село од Скопје – прекрасното Брајчино. Не само поради тоа што многу лета како дете ги поминував тука во родното место на дедо ми и баба ми -пионер во селски туризам од 80тите, или поради тоа што тука го открив вкусот на шумските јагоди, учев да месам зелник, да нижам пиперки, да правам слатко, домашен ликер, туку поради тоа што навистина има што да понуди за секого – плажите на Преспанско езеро се на неколку км, љубителите на планина со час пешачење може да ја истражуваат недопрената природа и реките, за 6ч може да се качите на Големо Пелистерско Езеро на 2218м..цркви со посебна душа. За овие убавини кои ги нуди нашата татковина, за големиот потенцијал на селскиот туризам разговаравме со Зоран Заев, – напиша Ангеловска на нејзиниот Фејсбук профил.
Инаку, Заев на Фејсбук пред три дена сподели фотографии од преспанското село Љубојно, каде што летува пред да започнат преговорите за составување на Влада најавени по празникот Илинден откако завршија предвремените парламентарни избори.