Претседателот на италијанскиот регион Кампанија, Винченцо Де Лука, се закани со нови построги мерки, пишува агенцијата АНСА.
Тој се закани дека ќе воведе мерка во покраината за затворање на продавници, барови и други јавни институции, доколку вработените или клиентите не носат заштитни маски.
“Не сум загрижен, јас сум супер загрижен. Во септември, кога започнува новата учебна година, ризикуваме да ни се врати инфекцијата со коронавирус на големо”, рече Де Лука на прес-конференцијата.
Во врска со патувањето со воз, Де Лука рече дека сите транспортни компании треба да се угледаат на железницата што го запира возот доколку најдат патници кои не носат заштитна маска.
“Луѓето кои не носат маска и кои не ги почитуваат мерките за забрана се нецивилизирани идиоти. Ние мора да ги изложиме на јавни потсмевања. Тие го загрозуваат здравјето на сите нас. Ако владата ги отвори, како и обично, меѓурегионални железнички врски, ние мора да инсистираме на одговорно однесување на граѓаните, во спротивно ќе бидеме присилени да воведеме строги мерки на забрана и ограничувања “, рече Де Лука.
Винченцо Де Лука, претседател на јужниот регион Кампанија, е познат по своите видео-пораки до граѓаните за време на карантинот, а некои од неговите пораки станаа светски познати, како на пример кога се закани дека ќе испрати карабинери со огнофрлачи на матурска забава, забранети за време на пандемијата.