Македонската хакерската група „AnonOpsMKD“ која е дел од глобалното движење „Анонимус”, а која вечерта на 15 јули го нападна агрегаторот на вести „Тајм.мк“, објави директна закана до сите партии доколку изберат Албанец за премиер. Тие се заканија дека доколку на чело на Македонија биде избран премиер Албанец, дека ќе ја превртат земјата наопаку. Во пораката додаваат и дека не се одговорни за нападот на ДИК, а за тој напад како виновници ги посочуваат нивните “колеги” од Косово.
Вака гласи новата порака на “AnonOpsMKD”:
“Здраво на сите, Ви фалевме?
Неколку точки објаснувања околу целиот „хаос“:
– Не сме поврзани со нападот на ДИК, за тоа обратете се кај браќата од Косово, а доколку ви треба помош за пронаоѓање на сторителите отворете „дарквеб“, тие 2-3 „сајбер“ експерти во МВР знаат што е „дарквеб“, ако не ги имате тие „под Кале“.
– Не сме поврзани со ниту една партија, сите партии ќе го јадат подеднакво во текот на наредните недели, без разлика дали сте полуписмени, продадени души, фашисти или терористи.
– Не сме финансирани од ниту една партија, странска држава или странска служба, финансирани сме од гневот кон уништувачите на Македонија.
– Не сме Руси, Кинези, Унгарци, духови сме, нас не не наоѓате, ние ве наоѓаме вас.
Сега едно предупредување, буквална ЗАКАНА кон сите партии:
Ако дозволите ДУИ да ве натера да изберете Албанец за Премиер, во замена за мандати – очекувајте цела Македонија ќе биде превртена наопаку, целосен „блекдаун“ ќе ви се случи во рок од 24 часа, не си го играјте к…от со македонскиот народ.
Очекувајте повеќе твитови и интересни напади наскоро и не се замарајте да барате ИП адреси, логови или да ги контактирате Твитер за помош, ИП адрестата ни е на Марс, логовите пак во Дрисла.
„We do not forgive, we do not forget. Expect us“”, пишува во пораката.