Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ потпиша договор за производство на две милијарди дози. Дали вакцината ќе биде наше спасение?
Во април, трите деца на Сара Жилбер, кои студираат биохемија, решија да учествуваат во тестирање на експериментална вакцина против ковид-19. Иако вакцината беше развиена од тимот на нивната мајка, тие немале време да разговараат со неа за нивната одлука, бидејќи таа веќе целото време и енергија го посветувала на борбата за да се стави крај на пандемијата.
Жилбер не е загрижена за своите деца, бидејќи, како што вели, нејзиниот тим за безбедносно тестирање на вакцините го има направено ова многу пати досега. Затоа, таа се фокусира на изнаоѓање начини да се направи вакцината што е можно поефикасна и што побрзо да достигне голем број на луѓе.
Во април, Оксфорд потпиша договор со британскиот фармацевтски гигант Астра Зенек за водење на глобалното производство и дистрибуција на идната вакцина.
Компанијата се согласи да ја продаде непрофитно вакцината за време на кризата, доколку се докаже нејзината ефикасност и потпиша договори со неколку производители за да може да произведе повеќе од две милијарди дози.
Името на Сара Жилбер се појави во светските медиуми преку ноќ. Претходно, таа работела анонимно на развој на вакцини две децении, а за нејзиното истражување ретко се зборувало за надвор од научни кругови. Таа сега ја води работата за фаворит меѓу кандидатите за вакцината против корона вирусот. Вакцината успешно ја поминала првата и втората фаза од клиничките тестови на 10.000 лица од Бразил, Велика Британија и Јужна Африка, а третата фаза од тестирање на 30.000 волонтери од Соединетите држави ќе започне наскоро.
На крајот на април, нејзиниот тим влезе во лавовската борба за да го заврши процесот, кој обично трае пет години, за помалку од четири месеци. Во меѓувреме, не само што успеаја да ги претркаат другите кандидати за вакцини, туку тие веројатно ќе завршат голем тест за ефикасност на 10 000 луѓе пред конкурентите дури и да ја започнат третата фаза, рече Кејт Бингам, претседател на работната група за вакцини во Велика Британија, до парламентарниот одбор на почетокот на јули.
„Тие се далеку пред сите други. Тие се најнапредниот кандидат за вакцини во светот“, рече Бингам.
Повеќето вакцини во развој на крајот не се одобрени. За разлика од лековите, вакцините се даваат на здрави луѓе за да спречат болести, што значи дека регулаторите поставуваат висок праг за одобрување и обично сакаат да ги видат податоците собрани по години на безбедно тестирање. Пандемијата на коронавирус ги менува правилата, но сè уште не е целосно јасно што регулаторите ќе прифатат како доказ за ефикасна и безбедна вакцина.
Жилбер е целосно убедена во успехот на нејзината вакцина, тврдејќи дека има 80 проценти шанси да биде ефикасна против коронавирусот.