Германскиот имунолог Угур Сахир смета дека вакцината против вирусот корона ќе биде направена до крајот на 2020 година, но тој верува дека ќе треба долго време да помине пред инфекцијата да биде ставена под контрола.
Главниот извршен директор на компанијата за биотехнологија „Biontech“ од Мајнц, една од 17-те компании ширум светот кои работат на развој на вакцината против вирусот корона, рече во интервју за „Wall Street Journal“ дека ќе биде потребно комплексно тестирање пред да се користи вакцината.
Покрај тоа, вирусот веќе се прошири многу, заразувајќи повеќе од 13 милиони низ целиот свет.
-Тоа значи дека може да ни требаат десетина години за да постигнеме сеопфатен имунитет, рече тој.
– Верувам дека можеме да постигнеме имунитет само ако повеќе од 90 проценти од светската популација е имуна, дел поради инфекција или дел поради вакцинација – експертот објаснува понатаму.
Според него, таа цел е остварлива само ако неколку различни производители нудат различни вакцини на пазарот во исто време.
-Не е наша цел да се тркаме. Потребно е многу компании да се грижат за седум милијарди луѓе во светот. Вакцината е единствената шанса за трајно воспоставување контрола врз пандемијата – рече Сахин во интервју за „Deutsche Zeitung “.
-Само една компанија нема да може да го снабдува целиот свет – предупредува експертот.
Претходно, научниците објавија дека вакцината против вирусот корона може да биде на пазарот за околу една година.
Засега, најперспективните истражувања и работа за вакцината доаѓа од научниците од Универзитетот во Оксфорд.
Вакцината на Оксфорд, наречена АЗД1222, во моментот се тестира на околу 10.000 волонтери, на возраст меѓу 18 и 55 години, во Велика Британија, 5.000 во Бразил, 2.000 во Јужна Африка и наскоро ќе започне со тестирање на 30.000 луѓе во САД, со што влезе во последно – третата фаза, по што ја чека итно одобрување за употреба.
Инаку, во јуни, четири членки на Европската унија – Германија, Франција, Италија и Холандија – потпишаа договор со „AstraZenec“ за купување и продажба на најмалку 300 милиони дози на вакцината „ковид 19“, која во моментот се тестира на универзитетот Оксфорд.
-Благодарение на овој договор, стотици милиони Европејци ќе имаат пристап до вакцината на универзитетот Оксфорд веднаш штом се регистрира, рече Паскал Сорио, извршен директор на „AstraZenec“.
-Тестовите за вакцината против коронавирус се успешно завршени на волонтери те на Универзитетот Сеченов во Русија, а резултатите ја докажуваат нејзината ефикасност, рече неодамна Елена Смоjарчук, раководител на истражувачкиот тим.